Села: Постапувам по одлуките на Советот за уредување на кејот на Црн Дрим

Од:

Со одлука на Советот од претходниот состав, угостителските објекти покрај кејот на реката Црн Дрим имаат право да поставуваат маси метар и половина на шеталиштето.  Тоа морам да го почитувам се додека нема нова одлука на Советот, нагласи струшкиот градоначалник Зијадин Села.

Тој писмено ги извести сопствениците до 30 јуни да ги отстранат монтажните објекти, а на оние што не го испочитуваа рокот, присилно им беа отстранети објектите.

– Мојата работа ја завршив пред една недела кога ја информирав фирмата што требаше да ги руши  објектите. Не сум стопанственик за да тргувам со гласачите. Тоа што ветив ќе се реализира. Не се работи за отстранување на масите. Јас работам според постоечки закон и одлуки, рече Села.

Струшкиот градоначалник најави дека планира преку тендер да се изнајде идејно решение за тоа како ќе се регулира крајбрежјето.

– Целта ми е да привлечам што повеќе туристи и да работам и за оние што сега се чувствуваат загрозени дека нешто им се руши. Ефектот ќе биде уште подобар, додаде Села.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга