Германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих денеска изјави дека корисниците на интернет кое се грижат дека разузнавачките служби на САД собираат информации за нив не треба да ги користат американските интернет-страници Гугл и Фејсбук.
Информациите дека американската Национална безбедносна агенција (НСА) собира информации преку интернет предизвика вознемиреност во Европа и апели за построги меѓународни правила за заштита на податоците.
– Тие кои стравуваат дека им се следени комуникациите на каков било начин, треба да користат услуги кои не поминуваат преку американските сервери, изјави Фридрих.