Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Израел, акредитиран за Република Македонија, Јозеф Амрани.
На средбата, како што соопшти МО, било искажано големо задоволство од меѓусебната соработка, особено во сферата на военото воздухопловство.
Имено, бил потенциран успешниот проект Центар за обука на пилоти, кој е заеднички аранжман на МО со израелската компанија „Елбит“, првенствено наменет да произведе кадри од родот авијација, за потребите на Армијата на Република Македонија, како и останатите сродни институции во државата. Во моментот, во Центарот за обука на пилоти, наставата ја следат четворица слушатели од првата класа, двајца од втората, додека во тек е избор на кандидати од 128 пријавени лица на третиот распишан конкурс.
Од аспект на соработката, досегашните односи се основ да се дефинира и правна рамка за потпишување меморандум за разбирање помеѓу двете министерства како платформа за соработка во идниот период.
Амбасадорот на Израел, во име на министерот за одбрана, во оваа прилика упатил покана за посета на земјата, која од министерот Џафери, со задоволство е прифатена.