Влатко Стефановски Трио на Антички Театар во Охрид

Од:

По успешната мини турнеја на Триото на Влатко Стефановски во Хрватска и Словенија, и македонската публика ќе ја има можноста да ужива во звуците на нашиот најголем гитарски виртуоз.

На 5 август, на Антички Театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот, Влатко Стефановски заедно со извонредниот басист Иван Кукиќ и младиот талентиран тапанар Јан Стефановски ќе одржат целовечерен концерт.

Покрај добро познатите композиции на Стефановски публиката ќе има ексклузивна можност да го слушне материјалот од најновиот албум „Тафталиџе Шафл„ кој Влатко го издаде минатата година.

Инаку албумот „Тафталиџе Шафл„, издаден за Кроација Рекордс на ЦД и винил, се најде на врвот на официјалната листа на продажба на албуми во Хрватска.

„Наместо да гледам ТВ и да паѓам во депресија, се одлучив да правам музика и многу сум задоволен од резултатот. Се радувам дека повторно ќе се дружиме со македонската публика. Време е да се вратиме на старите задоволства и да уживаме!„ – вели Влатко Стефановски во пресрет на охридскиот концерт.

Концертот е во организација на Баги Комуникации и од таму најавуваат дека истиот ќе биде организиран според важечките протоколи за заштита од Ковид 19 и целосно безбеден за публиката.

Би можело да ве интересира

Влатко Стефановски по 40 години во МКЦ

Ана Ололовска

Влатко Стефановски награден со најголемото дискографско признание во Хрватска

Влатко Стефановски на регионална турнеја

Ана Ололовска

На летната сцена на Кинотека ќе се проектира концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“

Жарко Настоски

Албумот „Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски номиниран за Европската награда Импалина

Ана Ололовска

Претставен новиот албум на Влатко Стефановски – „Тафталиџе шафл“

Ана Ололовска