Талибанците во Авганистан сакаат политички договор

Од:

Талибанскиот лидер Хибатула Ахунџада, во порака по повод Курбан Бајрам, повтори дека „силно се залага за политичко решение“ во Авганистан, еден ден по продолжувањето на разговорите во Доха со владините претставници во време на бунтовничка офанзива.

Делегациите на авганистанската влада и талибанците во саботата во Доха, Катар, ги продолжија преговорите започнати во септември, кои не резултираа со договор. Предвидено е двете страни повторно да се сретнат во недела.

„Наместо да се потпираме на странците, да ги решиме нашите проблеми меѓу нас Авганистанците и да ја спасиме татковината од кризата“, рече талибанскиот лидер Ахунџада по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, кој трае три дена од 20 јули.

Тој додаде дека „и покрај напредокот и воените победи, тие и натаму се за политичко решение“.

„Одлучно сакаме да најдеме решение преку преговори, но спротивната страна продолжува да губи време”, додаде лидерот во својата порака.

Во Доха, разговорите не беа успешни. Шефот на владиниот совет што го надгледува мировниот процес, Абдула Абдула, во неделата вечерта ги избегна прашањата на новинарите за можен договор.

Бунтовничката офанзива, започната во почетокот на мај со цел конечно повлекување на странските сили од земјата, наиде на благ отпор од авганистанските сили и им овозможи на талибанците да ги окупираат големите рурални области на Авганистан и важните гранични премини со Иран, Туркменистан, Таџикистан и Пакистан.

– Провладините борци водеа 244 операции, убивајќи 967 „непријателски“ борци, вклучително и клучни команданти. Досега окупиравме 24 области и нашата цел е да ги вратиме сите територии. Подготвени сме да ја браниме нашата земја, изјави портпаролот на авганистанските безбедносни сили Ајмал Омар Шинвари.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан