ЦУК по најавите за невреме и поројни врнежи апелира на преземање превентивни мерки

Од:

Центарот за управување со кризи упати укажување и апел за превентивни мерки заради најавите за невреме и поројни врнежи, силен ветер, грмежи и електрични празнења во наредниот неколкудневен период.

-Заради најавите за невреме и поројни врнежи Центарот за управување за кризи, преку своите регионални центри, испрати укажување за потреба од преземање превентивни мерки до градочалниците и лицата за контакт во сите региони во државата, коишто при вакви случувања, повратно, го известат регионалниот центар односно ЦУК, за можните настани поврзани со настанато невреме и порои во рамки на заедничко информирање и координирање и регионално и во државата, стои во објавата на фејсбук страницата на ЦУК.

Покрај потребата за превенција заради најавеното невреме со поројни дождови и ветар, до субјектите од Системот за управување со кризи, ЦУК апелира и за лично граѓанско превентивно однесување за време и после невреме во одредени локални региони.

-Конкретно, покрај препораката за градоначалниците и субјектите во Системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не се движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, наведува ЦУК,

Упатува на прогнозат на УХМР за попладнево и најавенотопроменливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, над 70 километри на час и услови за појава на град.

Би можело да ве интересира

Спасен давеник од Дојранско езеро

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

ЦУК: Изгаснати 27 пожари, четири се уште активни

ЦУК: Активни пет пожари, еден под контрола

ЦУК: Два активни пожари, шест изгаснати и еден под контрола