Во болниците низ земјава од Ковид-19 се лекуваат 16 пациенти

Од:

Шеснаесет пациенти со Ковид-19 се хоспитализирани на територија на цела држава. Сегашната епидемиолошка состојба во земјата е стабилна, болниците се празни, а само четворица пациенти се на кислородна поддршка, соопшти денеска Министерството за здравство.

-Единствен начин на превенција, да не се соочиме со нов силен бран и ширење на опасниот делта сој е што помасовна имунизација, потенцираат оттаму.

Кај нас досега, како што се наведува во соопштението, се детектирани десетина случаи со делта сој и ниту еден од нив не бил вакциниран.

-Не само кај нас, последните анализи и во светски рамки покажуваат дека новиот делта сој на вирусот масовно се шири кај невакцинираното население. Во Европа, од почетокот на месецот, дури 84 отсто од новозаразените во Холандија се невакцинирани, а 10 отсто се вакцинирани само со една доза, додека во Обединетото Кралство, скоро две третини од луѓето заразени со Делта сојот на Ковид-19 и повеќе од половина починати, воопшто не биле вакцинирани, наведуваат од Министерството за здравство.

Шпанија бележи значителен пораст на нови случаи кај млади невакцинирани лица, по трендот на опаѓање на заразени од крајот на април. Бројот на пациенти во регионите како Каталонија е двојно зголемен во споредба со крајот на јуни, а единиците за интензивна нега кои претходно беа затворени повторно се отвораат.

Фернандо Симон, директор на Координативниот центар за здравствени предупредувања во шпанското Министерството за здравство, предупреди дека „стапката на инциденца кај невакцинираните е до 20 пати поголема од онаа на вакцинираните“, и ова претставува ризик за останатиот дел од населението.

СЗО е децидна дека сите вакцини се докажано ефикасни против постоечките соеви и мутации на вирусот. Иако дел од студиите покажуваат дека нивната ефикасност се намалува против Делта сојот, таа е се уште доволно висока да превенира развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт. Откако се утврди дека вирусот се пренесува помеѓу невакцинираното население, повеќе земји ги зајакнаа рестриктивните мерки кои главно се однесуваат на неимунизираните лица.

Министерството за здравство укажува дека секој поединец носи одговорност во борбата против пандемијата, со највисока граѓанска обврска за вакцинација.

-Должноста да се чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите е и уставно регулирана, со цел да се обезбеди максимална заштита на личното и колективното здравје, со што овие мерки не може да се подведат под сомнение дека се основ за дискриминација или во спротивност на основните човекови слободи и права, туку напротив, се во насока на поттикнување на личниот придонес од страна на секој поединец, со што ќе се осигураат јавното здравје и колективната благосостојба, потенцираат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски