Корлацеан: Романија сака што поскоро да ја види Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

Романија сака што поскоро да ја види Македонија во Европската унија и НАТО, изјави министерот за надворешни работи на Романија, Титус Корлацеан по денешната средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Корлацеан на заедничката прес-конференција напомена дека вратите на Алијансата треба да бидат отворени за сите земји што ги исполнуваат стандардите.

– Романија ја поддржува Македонија за почнување на претпристапните преговори. Убеден сум дека земјата има капацитет да ги исполни сите стандарди за евроатланското интегрирање, истакна Корлацеан.

Двајцата министри потпишаа Договор за интензивирање на соработката во образованието, науката, културата и спортот. Ќе се заложат, како што нагласија, за јакнење на бизнис контактите и за развој на економијата и туризмот.

Договорено е и формирање тело кое ќе води континуирани разговори на ниво на министерствата за надворешни работи, со цел јакнење на билатералната и регионалната соработка.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија