ВИДЕО: Учениците од гимназијата Кочо Рацин во целосно реконструирано училиште од септември

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов, заедно со министерката за образование, Мила Царовска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и директорката на СУГС „Кочо Рацин“, Благица Павловска, одржаа прес- конференција во дворот на училиштето во кое се почнати градежните работи за негова реконструкција.

– Денеска сме на увид на веќе започната реконструкција на училиштето, станува збор за објект што е стар 57 години, досега на него не се вршени посериозни зафати освен оние што пред две и пол години ги правеше Градот Скопје, а се однесуваа на замена на дел од конструкцијата на покривот и замена на подовите и дел на санитарните јазли во училиштето. За оваа реконструкција ќе бидат потрошени околу 54 милиони денари коишто Градот ги издвојува од планираните средства наменети за капитални инвестиции во образованието. За неколку месеци овде ќе имаме целосно нов објект, бидејќи се врши целосна замена на надворешните ѕидови, ќе се направи и сосема нов покрив, ќе се заменат електричната и водоводната инсталација, а ќе се додаде и инсталација којашто на учениците ќе им помогне да влезат сериозно во процесот на дигитално образование, проект што го има утврдено Градот Скопје – рече Шилегов.

Тој додаде дека ова е последното 14-то училиште, од вкупно 23, коешто добива нова енергетски ефикасна фасада, и дека со реконструкциите во изминатите три и пол години се добиени просторни услови кои ќе овозможат подостоинствено функционирање и на ученици и на вработените во училиштата. Исто така, Шилегов додаде дека се надева наставата во училиштата од септември дека ќе се одвива со физичко присуство.

Министерката за образование, Мила Царовска, нагласи дека е значајно што и општините во својот фокус го имаат образованието и создавањето на квалитетни простори за учење, како и подготовката на наставниците за современа настава.

Би можело да ве интересира

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ