Двајца Албанци-бегалци од затвори убиени во престрелка со грчката полиција

Од:

Двајца Албанци, кои беа дел од групата што во март побегнаа од затворот во градот Трикала во Грција, се убиени синоќа во престрелка со припадници на грчките полициски сили во планинскиот реон крај градот Агринио, на околу 300 километри северно од Атина.

Според полицијата, акцијата за апсење на избеганите затвореници почнала вчера во утринските часови откако биле идентификувани од полициските термички камери.

По идентификацијата почнала интензивна потрага со хеликоптер и полициски кучиња. На предупредвањата да се предадат, албанските државјани отвориле оган од автоматски пушки на што полицијата возвратила. Во жестоката престрелка двајца од затворниците биле убиени.

Полицијата ја продолжила потрагата по уште најмалку четири лица, кои биле поделени во две групи и се движеле во различни насоки.

На 22 март од затворот Трикала избегаа 11 Албанци, тројца од нив веднаш беа уапсени, додека останатите осум се криеја во разни области во Грција и неколкупати имаа престрелки со полицијата. На 30 март при една престрелка беше убиена 25-годишна девојка, случаен минувач крај местото на престрелката, додека на 17 јуни избеганите затвореници убија 37- годишен полицаец и разоружаа полициска патрола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1