„Астон Мартин“ го претстави новиот хибриден модел „Валхала“

Од:

„Астон Мартин“ го претстави концептниот модел „АМ-РБ 003“ во март 2019 година, за којшто се велеше дека треба да го пополни празниот простор меѓу најмоќниот ултраспортски хибриден модел „Валкири“ и конвенционално движечкиот „ДБС“… Најновиот „двосед“ од Англија – „Валхала“ се напојува со хибриден погонски систем кој на возачот му става на располагање 950 коњски сили.

Новиот модел има и 4-литарски битурбо мотор на „АМГ“, помогнат од два електрични мотори. Натаму, има 1.000 њутн-метри вртежи, како и забрзување до 100 км/ч за 2,5 секунди и најмногу 350 км/ч. Новоразвиениот 8-степенски автоматски менувач, „потпишан“ од италијанската компанија „Грацијано“, е исто така, еден од новитетите.

Со перформансите во преден план, јасно е дека електрификацијата во овој случај не е наменета за заштеда на гориво, бидејќи капацитетот на батеријата е доволен за само 15 километри без помош на моторот „В-8“.

Првичните податоци говорат дека „Валхала“ ќе чини околу 750.000 евра. Првите испораки се планираат за крајот на следната 2022 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска