Асфалтниот пат до манастирот Трескавец во должина од 7,5 километри и ширина од 3,5 метри,кој е во изградба и ќе служи за поврзување на манастирот со патната мрежа во општината и пошироко, според најавите од локалната самоуправа требаше да биде пуштен во употреба на 28 август оваа година на празникот Голема Богодордица,кога е славата на манастирот.
Камен-темелникот беше поставен во август минатата година. Досега асфалтирани се 720 метри од вкупните 7,5 километри, а од локалната самоуправа најавуваат дека градежните работи би требало да завршат за 18 месеци.
За реализација на овој проект државата издвои 83 милиони денари.
Патот до Трескавец е од огромно значење за развојот на туризмот, не само на манастирскиот туку и на културниот – вели градоначалникот Марјан Ристески.
Инаку, Заводот и музеј од Прилеп работи на проектот за реконструкција на конаците што изгореа пред пет месеци.
А.Ш.