Во Тетово денеска почнаа да уриваат објекти на местото каде треба да се продолжи булеварот „Благоја Тоска“, за што средства локалната самоуправа доби од Владата. Станува збор за ТАВ програмата со која 23 општините меѓу кои и Тетово добија пари за реализација на инфраструктурни проекти.
-Почна уривањето на објектите за отворање на трасата во првиот дел од булеварот Благоја Тоска. Оваа активност се планира да трае 1 месец, а потоа ќе започнат работите за изградба на овој многу важен булевар за градот, информираа од Општина Тетово.
За овој проект Тетово доби 43 милиони денари. Предвидено е да се урнат осум куќи, со соодветно обесштетување.
Булеварот „Благоја Тоска“ ќе се продолжи кај Клиничка Болница преку мост на реката Пена во правец кон станбениот Блок 70. Од истата програма градот ќе добие средства и за уредување на кејот на реката Пена.