Поранешниот претседател на кубанскиот Парламент Рикардо Аларкон и уште неколку претставници на т.н. „старата гарда“ не се повеќе членови на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Куба (ПЦЦ).
Кубанскиот претедател и прв секретар на ЦК на ПЦЦ, Раул Кастро изјави дека овие луѓе не направиле никакви грешки, ниту извршиле криминал.
– Промените се направени како резултат на нормалниот развој на настаните во земјата, нагласи Кастро.
Седумдесет и шестгодишниот Аларкон се повлече од функцијата претседател на Парламентот во февруари. Тој беше еден од владините функционери, одговорен за односите со САД.
Меѓу останатите, кои беа отстранети од 118-члениот ЦК на ПЦЦ, се и 81-годишниот Хосе Мигел Барвекос, кој 30 години беше секретар на Државниот совет и 60-годишниот Мисаел Енаморадо, претседател на партиската организација во Сантјаго де Куба.