Амбасадорски „барабан“: Наумовски во Вашингтон, Милошоски во Загреб

Од:

Кој од која амбасада ќе ги брани боите на Република Македонија? Многу аспирации, желби, комбинаторики.

Владата ја почна постапката за именување шефови на поголем број дипломатско-конзуларни претставништва. Од Владата ветуваат дека јавно ќе ги соопштат имињата на предлог-амбасадорите тогаш кога ќе добијат согласност и од земјите каде ќе престојуваат. Неофицијално станува збор за 10 амбасадорски места.

Дотогаш се „вртат“ неколку имиња кои би биле исфрлени од амбасадорскиот„ барабан“.

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски ќе биде амбасадор во Вашингтон, на местото на Зоран Јолевски, а амбасадорот во Хаг, Никола Димитров, ќе биде нов амбасадор во Москва, објави „Дневник“.

Нејасно е како ќе се изведе ова, бидејќи мандатот на Јолевски му бил продолжен до 2015 година, а за Наумовски се шпекулира дека треба да замине за САД в година.

Оливер Шамбевски, кој успешно го привршува мандатот амбасадор на Р.М во Кина, од Пекинг ќе замине во Рим, објави „Дневник“, според чии информации, амбасадорот Веле Трпевски од Тирана оди во Австралија, а амбасадорското место во Албанија ќе биде пополнето со Стојан Kарајанов, кој е амбасадор во Приштина.

Kако нова амбасадорка во Виена се споменува сопругата на актуелниот амбасадор во НАТО, Мартин Треневски -Василка Треневска.

За нов амбасадор во Загреб се споменува пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, како што веќе објавија дел албански медиуми.

Амбасадорката во Хрватска, Даниела Kараѓозова чие добивање на функција беше жестоко оспорувано од опозицијата, , можно е да оди во Kанада.

За Белград, според весникот, е избран некој од пријавените на конкурсот за амбасадори и конзули што го објави Владата.

Kонзулот во Солун, Тони Димитровски, според извори на „Дневник“, треба да биде нов амбасадор во Љубљана. Актуелниот амбасадор од Љубљана, Игор Попов, се очекува да замине во Хаг, на местото на Никола Димитров.

Според тоа што деновиве го објавија дел од албанските медиуми, амбасадор во мисијата на Обединетите нации во Женева се очекува да биде Газменд Илјази, кој работи во американската амбасада.

Во Берн треба да отпатува Екрем Ебиби, Мехмет Наим се очекува да биде амбасадор на Македонија во Данска, а Агрон Буџаку да го продолжи мандатот во Франција.

Во Kатар, се очекува да замине дипломатот Шабан Јашари.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија