Награда „Пријател на Македонија“ за шефот на дипломатијата на Австралија Боб Кар

Од:

Австралискиот министер за надворешни работи Боб Кар ќе ја добие наградата „Пријател на Македонија“ што ја доделува Обединетата македонска дијаспора.

– Наградата му се доделува поради неговите долготрајни блиски односи со македонската заедница во Австралија и неговите контакти со македонските министри за надворешни работи на мултерателарни конференции и македонски делегации што ја посетиле Австралија.

– Тој е првиот австралиски министер за надворешни работи кој покажал почит за македонската заедница во земјата и кој ни се обраќа со Македонци, а не со „вашиот народ“, „вашата заедница“ и прв кој посетил една од македонските заедници во Австралија, се вели во денешното соопштение од ОМД.

Кар, според ОМД, увидел оти македонската заедница во Австралија дава значаен придонес во бизнисот, спортот, образованието и индустријата и оти австралискито општество е збогатено со македонската култура, наследство и традиција.

Наградата на Кар ќе му биде доделена на Гала вечера што на 5 јули ќе се одржи во Сиднеј, а е посветена на унапредување на австралиско-македонските односи.

Обединетата македонска дијаспора иста награда ќе им додели и на ко-претседавачите со австралиско-македонската парламентарна група на пријатели – Стивен Џонс, пратеник од Тросби и Лук Симпкинс, патеник од Коуан.

– Џонс и Симпкинс неуморно работат кон зајакнување на пријателските односи помеѓу Австралија и Македонија. ОМД е строго убедена дека австралиско-македонската заедница  се здобила со посветени пријатели и пободници за еднакви човекови права за Македонците.

– Двајцата парламентарци неуморно и во неколку наврати ја повикуваа австралиската влада да донесе правилна одлука и да ја признае Македонија под нејзиното уставно име. Воедно, ОМД се надева дека Австралија наскоро ќе престане со ваквата дискриминаторска политика и нема да ја именува Македонија со ниедно друго име освен со уставното, соопшти ОМД.

ОМД наградата за пријателство со Македонија им се доделува на личности кои се докажале како долготрајни пријатели на Македонија и глобалната македонска заедница.

Дел од претходните добитници се иминистерот за државјанство, имиграција и мултикултурализам на Канада, Џејсон Кени, генералот-мајор Мајкл Дуби, конгресменката Кендис Милер, конгресменот Бил Паскрел, проф. Виктор Фридман, Џејсон Мико.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски