Романскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Од:

Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе престојува шефот на дипломатијата на Романија, Титус Корлацеан, на покана од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Како што најави МНР, Попоски и Корлацеан ќе разменат мислења за билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји, за можностите за натамошен развој, како и за заедничка соработка во контекст на ЕУ, НАТО и на регионален план.

Двајцата министри ќе потпишат и договор за соработка во областа на образованието, науката и културата, масовните медиуми и спортот.

Министерот Корлацеан ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија