Копјата ќе се кршат за наградата „Киро Глигоров“

Од:

Власта и опозицијата и денеска ќе ги кршат копјата околу тоа заслужува ли Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, награда, која ќе го носи неговото име, и која би се доделувала на 8-ми септември.

Опозицијата, која е предлагач на законот смета дека се големи политичките вредности на Киро Глигоров.

„Во ковањето на македонската државност, има три меѓници, Илинден 1903, антифашистичката борба и АСНОМ и 8-ми септември. Не Аминта III, не Букефал, туку ова се исторски меѓници, a во две, Глигоров беше активен учесник. Во секој ден од неговиот живот провејува Македонија и слободарскиот дух“, рече опозицијата.

„Терминот Македонија е антички термин. Оваа наша држава не се вика брсјачка република, туку античка Македонија, тврди мнозинството. Не ја спорат улогата и значењето на Глигоров, но треба да го мине сето ова тестот на времето и историјата.

Во салата цело време беше тензично и со меѓусебни кавги и навреди, а во еден момент, потпретседателката на Собранието, Светлана Јакимовска, кадар на ВМРО-ДПМНЕ и го исклучи микрофонот на Силвана Бонева, која се јави за процедурална забелешка, а всушност сакаше да му одговари на Јани Макрадули.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште