ВИДЕО: Грци протестираа против вакцините и задолжителната вакцинација, за првпат нападнати новинари

Од:

Со слогани против вакцините и задолжителната ваквинација, против Владата и грчкиот премиер, но и против новинарите, стотици граѓани, без маски, дистанца и какви било заштитни мерки, денеска протестираа пред грчкиот Парламент.

Поради навредливите слогани, но и пцости упатени кон новинарите и неколку фрлени предмети, новинарските екипи со помош на полицијата беа принудени да се засолнат за да се избегнат дополнителни инциденти – нешто што досега не се случувало на бројните други протести во грчкиот главен град.

Иако демонстрациите беа против вакцините и имунизацијата, сепак не изостанаа и радикални и националистички слогани.

Преку социјалните мрежи денеска беа организирани низа протести во повеќе грчки градови, но и два беа во Атина, под пораките „Не за задолжителна вакцинација”, „Не за вакцините”.

Вакцинацијата во Грција и понатаму е доброволна и не е задолжителна за општата популација, а исклучок се здравствените работници и вработените во одредени центри за грижа на лица.

Процесот на имунизација во земјата се одвива непречено, со околу 80 до 90 илјади вакцинации дневно, а досега се аплицирани 9.485.402 дози, 5,3 милиони граѓани примиле најмалку една доза, а 4,4 милиони се целосно вакцинирани.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција