Албанскиот специјалец кој уби момче што не почитувало полициски час, доби десет години затвор

Од:

Судот во Тирана денеска осуди поранешен полициски специјалец на десет години затвор за убиството на момче за време на полицискиот час, воведен поради пандемијата на коронавирусот. Обвинителството бараше двојно повисока казна.

Судот во Тирана го осуди Невалдо Хајдарај, поранешен припадник на албанската специјална единица „Шќипоња“, за „убиство со пречекорување на нужната одбрана“ на 8 декември 2020 година.

Тој беше осуден за убиство на 25-годишниот Клаудијан Раша, непосредно по почетокот на полицискиот час во населбата „Лапрак“ во Тирана. Полицијата тогаш соопшти дека Раша бегал и ги игнорирал повиците на полицајците да застане. Убиството предизвика бран од насилни протести во главниот град и во повеќе други албански градови. По ова, Хајдарај беше отпуштен од полицијата.

Протестите доведоа до оставка на министерот за полиција, Сандер Лешај, кој образложи дека се повлекол од морални причини.

На денешното, последно рочиште, Хајдарај не зборуваше, но неговиот адвокат побара извинување од семејството Раша.

Таткото на убиеното момче, Ќазим Раша, изјави дека ќе се обрати на повисоките судски инстанци за да побара правда за синот кој, како што рече, откако полицијата го убила, се обидела да го прикаже како криминалец.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски