ВИДЕО: Тензично е во Албанија, протест на гневни граѓани откако полицијата уби 25-годишен жител на Тирана

Од:

Под мотото „И ние сме Клодјан“, масовен протест вечерва се одржува во Тирана, прво пред Министерството за внатрешни работи, по што демонстрантите стигнаа пред Владата.

Протестот нема организатор, граѓаните се собраа самоиницијативно преку социјалните мрежи, за да побараат, како што велат, правда за убиството на младиот Клодјан Раша од припадник на специјалната полициска единица.

Извикувајќи „Сакаме правда“, „Долу комунизмот“, „Лешај поднеси оставка“, „Во комунизмот убиваше Ручи, сега Рама и Лешај“, граѓаните се обединија со единствена цел да протестираат против екстремниот чин што го направи полицаец кој го уби Клодјан Раша, вчера наутро, пренесува Топ чанел телевизија.

Во неколку наврати, пред се пред Владата, каде има полициски кордон, имаше судир меѓу полицијата и учесниците во протестот, но и меѓу самите протестанти.

Поради тензичната ситуација мораше да интервенира специјалната полициска единица за брзи интервенции, а на владината зграда состојбата ја набљудуваат и припадници на националната гарда и други полициски структури. Употребен е и солзавец, а според последните информации, има повеќе повредени лица, од кои најголем дел се полицајци. Тројца се пренесени во болница.

Според телевизијата Ора Њуз, учесниците фрлале тврди предмети врз Владата извикувајќи „Сакаме правда, Рама оди си“, ја уништиле новогодишната елка откинувајќи дел од светилките, што предизвикало спој и прегорел целиот систем. Потоа елката била потпалена и урната на земја.

Клодјан Раша (25) беше застрелан во близина на неговиот дом во населбата Лапрак во Тирана, кога, според неговите родители, заминувал на утринско кафе со другарите.

Локалните медиуми цитираа жена на протестот која се претставила како сестра на загинатото момче, но потоа ги повлекоа изјавите, откако им било укажано дека Клодјан Раша има само двајца браќа.

Соседите на убиениот млад човек велат дека тој немал проблеми со никого, бил мирно момче, имал свршеница и требало следното лето да прават свадба. Сведоците раскажуваат дека полицаецот без предупредување да застане, што е вообичаена постапка, директно пукал во момчето и го усмртил.

Министерот за внатрешни работи Сандер Лешај рече дека е почната истрага која треба да ја потврди причината зошто полицискиот специјалец пукал. Според првичната верзија на полицијата, момчето не послушало наредба од полицајците да застане, по што еден од нив пукал.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов