Скопјанец изградил 50-метарска ограда на државен имот во Струга, доби кривична пријава

Од:

Градежен инвеститор од Скопје доби кривична пријава откако изградил ѕид долг 50 метри на струшката улица „Туристичка“, соопшти полицијата.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, во текот на март 2021 година, на локација во државна сопственост на ул.„Туристичка“ во Струга, без соодветна дозвола изградил бетонска ограда во должина од 52 метри“, се вели во полициското соопштение.

Од страна на Градежната инспекција на oпштина Струга, извршен е инспекциски надзор и донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ја отстрани бесправно изградената градба, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он