Делта сојот е проширен во 111 земји, три милиони нови случаи на коронавирус за една недела

Од:

Минатата недела ширум светот беа пријавени околу три милиони случаи на инфекција со коронавирус и над 55.000 смртни случаи што е зголемување за 10 проценти во бројот на заразени, и три проценти во бројот на починати во однос на претходните седум дена, соопшти СЗО.

Претходно, смртноста се намалуваше повеќе од два месеци.

Од 5 до 11 јули регистрирани се 2.996.465 заразени лица и 55.830 смртни случаи ширум светот. Заклучно со 11 јули имало вкупно 186.240.393 заразени и 4.027.861 смртни случаи.

Најголем број заразени лица за една недела во СЗО е пријавен од Бразил (333.030). Следуваат Индија (291.789), Индонезија (243.119), Велика Британија (210.277) и Колумбија (174.320). Најголема инциденца е забележана на Британските Девствени Острови (2.497 нови случаи на 100.000 жители), Сејшелите (763), Кипар (673), Џерси (628) и Фиџи (490).

Инциденцата во текот на неделата е на намалена во Америка (за 3 проценти). Во исто време, раст е регистриран во Источен Медитеран (за 25 отсто), Европа (за 20 отсто), Југоисточна Азија (за 16 отсто), Западен Пацифик (за 15 отсто) и Африка (за пет проценти). Смртноста особено се зголеми во Африка (50 отсто) и Југоисточна Азија (26 отсто). Значителен пад на бројот на смртни случаи е забележан во Америка (за 11 отсто).

Во Европа, повеќе од 653.000 луѓе се заразиле за седум дена и скоро 7.000 починале. Повеќе од 962.000 новозаразени се пријавени во Америка, и повеќе од 23.000 смртни случаи. Во Југоисточна Азија, лекарите идентификуваа повеќе од 712 000 заразени, а повеќе од 14.000 луѓе починаа.

Според билтенот на СЗО, позаразната Делта мутација на коронавирусот од 6 до 13 јули се проширила од 104 на 111 земји.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана