Лилиќ: Ослабнав 7 килограми за претставата „Ромео и Јулија“ за „Охридско лето“

Од:

Актерот Дејан Лилиќ или македонскиот Ромео ослабнал цели 7 килограми додека се подготвувал за претставата „Ромео и Јулија“ во изминативе два месеци, а со која вечерва ќе биде отворено 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

„Немам само глумење, туку имам и балетски точки, играња, сценски борби“.

„Повеќе од 7 килограми сум ослабнат дефинитвно“.

Македонскиот Ромео, актерот Лилиќ смета дека еден ваков проект во кој се вклучени и балетот, операта и театарот се нема случено во Македонија.

„Ме радува тоа што проектот е македонски продукт. Не внесуваме конечно ништо странско за отварањето на Охридско лето“.

„Мојата партерка во претставата е една од најдобрите во Русија.Да се биде Ромео во 2012 година, односно во 21 век е да се дава љубов беспрекрно многу, а со многу љубов и го направивме овој проект.Станува збор за вистински спектакл кој ќе биде баран насекаде во светот.Јас нема да гарантирам дека публика ќе плаче но знам дека ќе плаче, но гарантирам дека ќе плаче, не гарантирам дека ќе се смејат, а знам дека ќе се смејат“, рече Лилиќ.

Партнерка на Лилиќ, односно Јулија во вечерашната претстава ќе му биде една од најпознатите руски актерки во моментов Ирина Игуманова од Санкт Петерсбург.

„Во Охрид сум по 15 пат. Од секогаш сум сметала дека на сцената на Античкиот театар во Охрид треба да се одригра една трагедија. Затоа овој момент за мене и мојот живот е многу важен, бидејќи ова можеше да не се случи и едноставно да остане како неостварена желба“, рече актерката Игуманова.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје

Украдените дела на Реноар, Сезан и Матис пронајдени по пет месеци во Италија

Предраг Петровиќ

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“