Во Грција дополнително се зголеми бројот на новозаразени и по пауза од два месеца, повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи, поконкретно вкупно 3.109, а починаа четири лица.
Последен пат, над 3.000 новозаразени имаше на 11 мај годинава.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, од новите случаи 24 се увезени, од кои 11 откриени на влезните точки во земјата, а повторно најголемиот број, повеќе од половина (1.571) се во регионот Атика, поширокиот регион на Атина, а 214 се во Солун.
Освен на новите случаи, зголемен е бројот и на хоспитализирани лица, за 31,76 отсто во споредба со вчера, додека, пак, 133 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од почетокот на пандемијата во Грција има потврдени 444.783 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 12.806 лица.