Кривична пријава против пиштолџиите кои се пресметуваа во Старата скопска чаршија

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ч.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, а во врска со инцидентот минатиот месец, кога се случи престрелка пред угостителски објект во Старата скопска чаршија.

„На 23.06.2021 околу 21.30 часот, пред угостителски објект во Стара чаршија во Скопје, по претходно вербална расправија помеѓу М.Е.Е.(30) од Турција, пријавениот, oд една страна, и оштетениот Т.Б.(29) од Турција, К.С. (22) и уште неколку лица, М.Ч. испукал од пиштол во правец кон К.С. и Т.Б., по што и М.Е.Е. испукал неколку проектили од пиштол кон Т.Б., нанесувајќи му повреди во пределот на потколеницата“, се вели во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

Пукал со калашников во автобус полн со патници

А1он

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи