Аиво Орав ги слушна барањата на новинарите за слобода на Кежаровски

Од:

Иницијативниот одбор за ослободување од притвор на новинарот Томислав Кежаровски, односно претставници на Синдикатот на новинари, ЗНМ и МИМ денеска се сретнаа со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

На средбата што траеше повеќе од еден час во канцелариите на Делагацијата на ЕУ, биле отворени и прашањата за условите во кои работат истражувачките новинари и генералната состојба со слободата на медиуми, која стана уште позагрижувачка по притворањето на новинарот на „Нова Македонија“ за текст објавен пред пет години.

Двете новинарски здруженија од земјава и речиси сите интернационални организации кои се занимаваат со слободата на говор и човековите права, вклучително и претставникот на Обединетите нации кој неодамна беше во земјава, остро реагираа за притворот на новинарот Кежаровски и побара од судот да му дозволи да се брани од слобода.

И покрај тоа, минатата недела Кривичниот совет му го продолжи притворот за нови 30 дена, а ако се земе во предвид дека поради летните одмори следи судска ферија, најверојатно новинарот ќе остане во притвор цело лето.

Кежаровски беше уапсен во акцијата „Ликвидација“ под сомнение дека го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ

Кежаровски повикан во полиција заради учество во „Шарената револуција“

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: За Велија, Љубе, Кежаровски лесно се определуваше притвор, но не и за Миле и Темелко

Ана Ололовска