Богоев и посака успех на пливачката Миа Блажевска која заминува на ЛОИ во Токио

Од:

Пред заминувањето на Летните олимписки игри во Токио, младата пливачка Миа Блажевска – Еминова, заедно со својот личен тренер Илија Стојановски и својот татко, Мирсад Еминов, беа на прием кај градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

Миа Блажевска – Еминова има 15 години и е жителка на Карпош, која врз основа на своите резултати стекна право да ја претставува државата на ЛОИ во Токио.

Градоначалникот Стефан Богоев, како што соопшти општина Карпош, на денешната средба на Миа, но и на целиот нејзин тим им посака добро здравје, среќа и успех на овој глобален спортски настан.

– Основната цел, како локална самоуправа е да вложуваме повеќе во младите спортски таленти. Тоа е вистинска и трајна поддршка за македонскиот спорт. Секаде низ Европа, градовите и општините се оние кои даваат најголема поддршка за младите таленти од својата средина и гледаме и Карпош, колку што е можно да го следи тој пример, рече Богоев.

Локалната самоуправа, во пресрет на олимпискиот настап ѝ додели на Блажевска – Еминова и еднократна финансиска поддршка.

На денешната средба, присутните разговарале и за пливањето како спорт и за големиот број придобивки кои ги носи истиот.

– Општина Карпош е во постапка и за изградба на затворен пливачки базен, до салата „Партизан“, кој пред сè ќе биде наменет за децата од основните училишта. Станува збор за инвестиција на Агенцијата за млади и спорт, која ова лето ќе почне да се реализира, наведуваат од Општината.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?