ВИДЕО: Претставена новата „Опел астра“

Од:

Кандидатот на „Опел“ во сегментот Ц ќе се нуди со дизел и бензински мотори, но и со две „плаг-ин“ хибридни комбинации. Новата, шеста генерација на „Опел астра“, инаку, ја дели платформата и механиката со неодамна претставениот „Пежо 308“.

Телото на новата „Астра“ е за 51 милиметар пошироко и нешто подолго од претходната (четири милиметри). Зад новото тело, пак, лежи новодизајнирана патничка кабина во којашто доминираат два 25-сантиметарски дисплеи пред возачот и совозачот, како и конвенционалните копчињата за одредени функции.

Најновата „Астра“ ќе се напојува со мотори со внатрешно согорување, ќе се нуди со бензински и дизел-мотори во опсег на моќност од 110 до 225 коњски сили, а првпат корисниците ќе може да сметаат на два приклучоци за хибридни опции. Во зависност од погонскиот систем, ќе биде задолжен 6-степен рачен или 8-степен самоуправувачки менувач.

„Опел“ веќе потврди дека шестата генерација на Астра наскоро ќе биде понудена во уште попрактична верзија на каросеријата. Првите купувачи би требало да седнат во неа на почетокот на следната година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска