Ципрас со критики до Мицотакис за доцнењето на ратификацијата на меморандумите со С. Македонија

Од:

Критики до актуелната грчка Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис дека иако го почитува Договорот од Преспа, сепак на неодредено време ја одложува ратификацијата на трите меморандуми за соработка со Северна Македонија, упати лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи на партиски настан во Солун, рече дека „паметиме кога пред две години Мицотакис рака под рака со мрачниот естаблишмент на градот, со радикалната десница, па дури и со неонацистите се бореа против договорот што даде праведно и одржливо решение на проблемот создаден од неговата партија“.

-И навистина се прашувам каде се скрија сите оние кои тогаш со омраза се бореа против договорот што ги бранеше и ги брани националните интереси. Но денес, самиот господин Мицотакис кој тогаш беше во првите редови на оваа борба, од една страна изјавува дека го почитува договорот, но од друга страна, покажувајќи политички кукавичлук и лицемерие, ги одложува на неодредено меморандумите за соработка со Северна Македонија, меморандуми кои го штитат националниот интерес, бидејќи обезбедуваат грчките воени авиони да бидат тие кои ќе го надгледуваат воздушниот простор на нашата соседна земја, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА упати критики до Мицотакис дека во официјалните соопштенија за средбите со Зоран Заев не го користи името Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите