На Скопската обиколница загина маж од Дебар

Од:

52-годишен маж од Дебар загина на Скопската обиколница, откако со возилото излетал од патот, извести Министерството за внатрешни работи.

– На 13.07.2021 во 05.10 часот било пријавено дека на Скопската обиколница, кај клучка „Смилковци“, комбе со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(52) од Дебар, излетало од патот. На местото на незгодата починал возачот, информира МВР.

Смрт констатирал лекар, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции