Девојче со мотор „Кавасаки“ се забило во запрежна кола, тешко е повредена сопатничката

Од:

Вчеравечер во струмичко се случила тешка сообраќајна несреќа во која тешко е повредена малолетна девојка-сопатничка на мотоцикл „Кавасаки“, кој го возело исто така малолетно девојче.

„На 11.07.2021 во 21.20 часот било пријавено дека на локалниот пат кај с.Дрвош, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која малолетничка од с.Дрвош, управувајќи мотоцикл „Кавасаки“, без регистарски ознаки, удрила во запрежно возило, управувано од В.И.(74) од с.Дрвош“, се вели во полициското соопштение.

„Во незгодата, малолетна сопатничка од мотоциклот се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба