Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 118 нови случаи на Ковид-19, што е раст во споредба со претходното деноноќие, но и во споредба со деновите од минатата недела, кога бројот на новозаразени само еднаш премина 100.
Едно лице починало, а тестирани биле над 8.000 пациенти, соопштија здравствените власти.
Четворица пациенти во земјата во моментов се приклучени на респиратор.
Вчера, од вкупно 4.874 тестови, во Србија имаше 69 потврдени нови случаи, а двајца пациенти починаа.