(ВИДЕО) Преведувачката откажа, министерот Нуредини преведуваше од албански на македонски, па се пошегува: Следниот пат, 100 евра од час

Од:

Министерот за животна средина, Насер Нуредини од албански на македонски јазик го преведуваше говорот на министерот за туризам и животна средина на Албанија, Бленди Клоси. До ова дојде откако преведувачката не успеа да го преведе говорот на министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити. Кога на ред дојде обраќањето на министерот Клоси, преведувачката се обиде, но не успеа да направи симултан превод.

Министерката за култура Стефоска и сугерираше на преведувачката за запишува и погласно за говори за да разберат новинарите, но ниту ова не помогна. Потоа, Стефоска го замоли министерот Нуредини да го преведе говорот на Клоси.

„Ќе ти преведам јас“, му рече Нуредни на неговиот колега Клос, а по преводот на шега рече: „Фала ви многу, следниот пат, да знаете е 100 евра за час“, на што останатите присутни се насмејаа.

Инаку, министерот Нуредини кога беше назначен на функцијата зборуваше на албански и англиски јазик, но не и македонски. Тој тогаш објаснуваше дека го учи македонскиот јазик, како и дека во иднина ќе го говори. По осум месеци од ова објаснување, тој држи прес-конференции на македонски јазик, а сега помогна и за преводот на неговите колеги кои зборуваа на албански.

Би можело да ве интересира

Нуредини: Ќе сносам одговорност доколку биде утврдено дека се користени службени возила за приватни цели

Катерина Ѓуровски

ДУИ не губи време со „зелената агенда“: Нуредини и Ганиу заедно на ставање нови цевки во Серава

Жарко Настоски

Нуредини: Тој што загадува, треба да плати, а проблемот со отпадот не треба да се политизира

Жарко Настоски

Нуредини: Сѐ уште немаме индикации од ЕУ за спроведување на Зелениот пакт

А1он

Средношколци-иноватори од „Јосип Броз Тито“ од Скопје се сретнаа со министерот Нуредини

А1он

Нуредини – Ешеман: Поддршка од Германската КфВ банка за проекти од животната средина

А1он