Итен надзор во Цементарница Усје по голем број пријави од граѓани

Од:

По големиот број пријави од граѓани, вчера Државен инспектор за животна средина во присуство на раководителот на инспекторатот на Град Скопје изврши детална проверка на погоните во Титан Цементарница Усје, за откривање на причините за емисиите на прашина, кои се случија во изминатиот ден.

По проверката беше утврдено дека заради технички проблеми, емисиите настанале во постројката за производство на клинкер, при што се случило истекување на материјал од циклон во текот на интервенција за негово одглавување.

Од ДИЖС информираат дека се настанати фугитивни емисии на прашина, што содржат варовник и лапорец, суровини што се користат за производство на клинкер.

– Во моментот на инспекцискиот надзор, Титан Цементарница Усје Ад Скопје, со записник беше задолжена да достави листинг од континуираниот 24 часовен мониторинг на емисии од стационарните извори, согласно А-интегрираната еколошка дозвола за периодот од 9 и 10 јули, соопштија од ДИЖС.

Исто така, како што посочуваат од Инспекторатот, поради високите температури и атмосферски влијанија со ветер, Титан Цементарница Усје е задолжена секојдневно со вода од цистерни да врши прскање на внатрешната инфраструктура на цементарата и патот што води до ископот на лапорец над с. Усје. Постапката за надзор е сѐ уште во тек.

Би можело да ве интересира

Цементарница УСЈЕ: Неосновани, неточни и целосно паушални се обвинувањата дека сме „најверојатно најголем индустриски загадувач“ во Скопје

O2 Иницијатива: Фабриката „Усје“, најверојатно најголемиот индустриски загадувач во Скопје

Горан Наумовски

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

УСЈЕ: Обвинувањата против нас се невистинити, ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината

Катерина Ѓуровски

Зелен хуман град до УСЈЕ: Никој не ви верува на провидните маипулации

Катерина Ѓуровски

Цементарница „Усје“: Не загадуваме над дозволеното, во декември немало мерења во фабриката, како што тврди Арсовска

Горан Наумовски