Постарите љубители на автомобилите сигурно ќе се сетат на марката „Датсун“, која беше популарна во текот ма шеесетите и седумдесетите години на дваесетиот век.
„Нисан“ по три децении одлучи да го обнови овој бренд и на купувачите во таканаречените автомобилски пазари во развој им понуди евтини модели.
Првиот модел на повторно родениот „Датсун“ ќе биде претставен на 15 јули. „Нисан“ во меѓувреме објави две скици на кои навестува како овој автомобил ќе изгледа. Кога ќе се земе во предвид дека ќе се продава првенствено на индискиот пазар, како нискобуџетен модел, новиот „Датсун“ има сосема пристоен дизајн.
Се претпоставува дека автомобилот е темелен на платформата на моделот „Нисан Микра“ и дека ќе го придвижува истиот 1.2-литарски троцилиндричен бензински мотор, но со различна излазна снага.
Новиот „Датсун“ треба да се појави во продажба во 2014 година, а се очекува дека следните модели од обновената марка би можеле да им се понудат и на купувачите во Русија, Индонезија, Јужна Африка и уште во некои земји каде постои побарувачка за овој вид пристапни автомобили, барем според цената.