Принцот Вилијам и посака многу среќа на англиската фудбалска репрезентација пред вечерашното финале на Европското првенство против Италија на „Вембли“, порачувајќи им на фудбалерите дека ја имаат поддршката од целата нација.
– Ви посакувам многу среќа. Го донесовте најдоброто од Англија и сите сме со вас, целата земја е со вас, па донесете го трофејот дома, порача принцот Вилијам, кој воедно е и претседател на Англиската фудбалска федерација (ФА).
Тој своето обраќање до англиските фудбалери го објави во видео порака на Твитер.
Wishing Gareth and all the players good luck tonight!
The nation is behind you @England #ThreeLions pic.twitter.com/VBaMuhfxcl
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) July 11, 2021
Англија вечерва го игра своето прво финале во историјата на европските првенства, а досега најголемиот успех го постигна во 1968 година кога заврши како третопласирана, додека во 1996 беше елиминирана во полуфиналето.
За Италија ова ќе биде четврто финале, по европската титула во 1968, и двата порази во финалните натпревари во 2000 и 2012 година.