Најмалку шест луѓе загинаа, а четворица се повредени во денешниот самоубиствен напад врз индустриската зона во Кабул, откаде се пружа логистичка поддршка на НАТО.
Директорот на кабулската полиција генерал Ејуп Саленги изјави дека самоубиствениот напад се случил утрово во четири часот и 30 минути по локално време. Меѓу починатите четворица биле членови на обезбедувањето и двајца цивили.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.
По нападот се судриле талибанските милитанти и авганистанските безбедносни сили. Во судирот учествувале и војници од ИСАФ, при што талибанците беа неутрализирани.
ФОТО: AP