ВИДЕО: Град Скопје најави нов мост меѓу Карпош 4 и Злокуќани

Од:

Градоначалникот Шилегов го потпиша договорот со Владата на РСМ и ТАВ со кој се овозможува реализацијата на проектот за мостот на улица Љубљанска во Карпош. Вредноста на договорот изнесува 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е до крајот на 2023 година, информира Град Скопје.

„Непреченото функционирање на сообраќајот и намалување на метежот е еден од приоритетите на градот. Токму затоа, покрај работата на мостот „Михајло Апостолски” на бул. АСНОМ, се започнува со работа и на уште еден мост кој ќе поврзе два дела од градот. Со изградбата на овој мост ќе се поврзат улицата Љубљанска и бул. Илинден со улица Скупи во Општина Карпош.

Мостот е предвидено да има 4 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Вкупната должина на сообраќајницата изнесува 940 метри додека должината на самиот мост изнесува 113 метри“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

„Договорот е потпишан во согласност со одлуката на Владата за прераспределба на средствата од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип во вкупен износ од 35 милиони евра со кои почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 единици на локалната самоуправа низ државата“, соопштува Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ