Оставки на првите луѓе во банката на Ватикан

Од:

Директорот на Ватиканската банка Паоло Кипријани и неговиот заменик Масимо Тули си поднесоа оставка од функцииите по финансискиот скандал што се прошири низ Ватикан.

Челниците на банката си поднеле оставка по апсењето на сметководителите на Ватикан – епископот Скаранс кој имал блиски врски со банката.

Кипријан, заедно со тогашниот претседател на Банката од 2010 се под истрага за кршење на италијански правила за борба против перење пари откако финансиската полиција заплени 23 милиони евра од една банка во Ватикан.

Тогаш против никого не беше покренато обвинение, а подоцна парите се деблокираа.
Сепак, Ватиканската банка остана под контрола на јавниот обвинител, а папата Франсис изрази загриженост дека Банката се користи како оф-шор “даночен рај”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска