Авганистан ќе добие над 1,4 милиони вакцини

Од:

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) ќе му достави на Авганистан повеќе од 1,4 милиони дози од вакцините на Џонсон и Џонсон против коронавирусот.
Вакцините ќе бидат донирани преку Ковакс програмата. Кон крајот на месецот ќе бидат испорачани уште 3,3 милиони вакцини.
– Вакцините пристигнуваат во критично време за Авганистан, бидејќи земјата се соочува со голем пораст на бројот на заразени лица со коронавирусот, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ во Авганистан.

Во земјата до вчера се регистрирани 131.586 случаи на зараза, а починати се 5.561 пациент. Откако третиот бран го зафати Авганистан минатиот месец, во државата дневниот просек изнесува 2.000 новоинфицирани.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан