Девојка од Боговиње пријавила напад, приведени три лица

Од:

Две машки лица од Бродец и девојка од Горно Палчиште се приведени откако за физички напад ги пријавила 25 – годишна девојка од Боговиње. Настанот се случил вчера на улицата „Илинденска“ во Тетово.

-Вчера (8 јули) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле В.А.(22) и З.Д.(22) од тетовски Бродец и 23-годишната Е.Б. од Горно Палчиште, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Илинденска“ во Тетово, физички ја нападнале 25-годишната М.Ј. од Боговиње. Се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски