Рускиот претседател Владимир Путин го искористи денешното отворање на последниот дел од нова обиколница во Московскиот Регион, за самиот да седне зад воланот на претседателската лимузина.
Снимката која ја споделија државните медиуми покажува како Путин ја вози лимузината „Аурус“ од руско производство, додека на совозачкото место го придружува главната инженерка на државната компанија „Автопатишта на Русија“, Светлана Кузнецова, која на претседателот му пренесува детали за автопатската делница.
Централната обиколница, голем проект на руските власти, минува низ Московскиот Регион, еден од најнаселените делови на Русија, на оддалеченост од 50 километри од Московската автомобилска обиколница и ги поврзува главните автопати кои водат кон другите делови на земјата.