Бројот на новозаразени со делта-сојот во Холандија расте, младите најпогодени

Од:

Бројот на нови случаи на коронавирус во Холандија вртоглаво се зголемува, со 5.500 нови случаи пријавени само денеска, додека бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 не расте.

Според Националниот институт за здравство, ова е најголемиот дневен број заразени од 14 мај.

Пред една недела имаше 800 новозаразени за 24 часа, а во последните седум дена, во просек по 67 нови случаи на 100.000 жители.

Поради ширењето на пандемијата, Владата размислува да воведе нови мерки за борба против коронавирусот.

Холандија на 26 јуни ги укина скоро сите ограничувања и маски во моментов треба да се носат само во јавниот превоз.

На многу места, физичкото растојание од 1,5 метри повеќе не мора да се одржува.

Зголемувањето на новозаразени се должи на делта мутацијата, иако во исто време нема зголемување на хоспитализации.

Младите се најпогодени и се верува дека се заразиле со вирусот во барови и ноќни клубови.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина