Сѐ потешка е ситуацијата со Ковид-19 во Грција, денеска над 2.100 новозаразени

Од:

Грчките здравствени власти соопштија дека денеска се регистрирани 2.107 нови случаи на Ковид-19, што е за безмалку 300 повеќе отколку вчера, додека десет лица починале.

Петмина од новозаразените биле идентификувани преку тестови на грчките гранични премини.

Портпаролката на грчката влада, Аристотелија Пелони, изјави дека епидемиолошката состојба во Грција е влошена.

– Во последните десет дена има зголемување на случаите и драстичен пад на просечната возраст на нашите сограѓани заразени од вирусот – на 27 години. Во јужните области на Атина, каде што е утврдена особено висока стапка на заразени луѓе, околу 66 проценти од случаите се на возраст од 15 до 24 години – рече Пелони на прес-конференција, а пренесе грчката агенција АНА.

Утврдено е, како што додаде таа, дека инфекцијата на лица помлади од 30 години е поврзана со местата за забава, поради што, како што истакна, ќе бидат применети построги мерки во рестораните, баровите и во ноќните клубови.

– Целта за следниот период е да ги убедиме оние што сè уште се сомневаат во безбедноста и ефикасноста на вакцините да ја искористат привилегијата за вакцинирање – рече Пелони.

Портпаролката посочи дека Грција е во нова фаза на пандемијата.

– Во нашите раце имаме штит што го немавме во претходната фаза – тоа е вакцината до која сите граѓани имаат универзален, бесплатен и директен пристап. Вакцините се ефикасни, тие дејствуваат и нè штитат. Оние што сè уште не го сториле тоа, треба веднаш да се вакцинираат – рече Пелони.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција