Многу мал процент од младите луѓе во Србија се вакцинираат против коронавирусот, па загриженоста дека оваа возрасна група може да претставува ризик од повторно ширење на вирусот ги натера властите да започнат кампања во која познати личности ќе повикуваат на вакцинација.
Досега во земјата се вакцинирани замо 14,77 отсто од младите од 18 до 25 години, односно 16,87 отсто од луѓето на возраст од 18 до 30 години, што според здравствените власти не е доволно за враќање на земјата во нормален живот.
Затоа, во следните 30 дена, јавни личности во кратки видеопораки преку Инстаграм, на профилот на Канцеларијата за ИТ и е-управа на српската влада, ќе ги повикуваат пред сѐ младите луѓе да се имунизираат.
Досега во кампањата се вклучија музичката ѕвезда Емина Јаховиќ, актерот Александар Радојичиќ, како и кошаркарката Јелена Брукс.