ВМРО-ДПМНЕ нуди 15 мерки за спречување на ширењето на делта-сојот

Од:

По предупредувања веќе подолг период дека и на Македонија и се заканува потенцијално ширење на делта-сојот на министерот Венко Филипче му текна дека навистина требало мерки. Филипче најави дека неделава ќе се разгледувало воведување на мерки на границите при влез во земјава, ама не и било каква реорганизација на институциите надлежни за справување со вирусот рече на прес конференција претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

„Комисијата за заразни болести, пак, сега ќе ја разгледува состојбата, очигледно затоа што кажа Филипче, а само пред некој ден рекоа „се е под контрола, и дека мерки не требаат“. Евиденто е дека Комисјата работи под диктат на Филипче и Владата, а не професионално“ – смета Николов.

ВМРО-ДПМНЕ настапува подготвено вели Николов. Комисјата за здравство на партијата подготвила предлог мерки кои треба да се преземат. ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Професионализација на Комисијата за заразни болести;

2. Забрзување на вакцинацијата против Ковид-19;

3. Зголемување на контролата на границите;

4. Достапност на тестирање за Ковид-19;

5. Јасен и прецизен „Бел план” за здравствениот систем при нов бран на Ковид-19;

6. Зголемување на достапноста за рендген и лабораториските анализи за пациенти со Ковид-19;

7. Актуелизирање и обновување на протоколите за третман на Ковид-19;

8. Мапирање на здравствениот персонал;

9. План за пациентите со останати дијагнози;

10. Мапирање на здравствените капацитети;

11. Одредување на болници посветени за Ковид-19;

12. Мапирање на постоечката функционална апаратура;

13. Достапност на соодветен третман за пациенти со Ковид19;

14. Достапност на лична заштитна опрема ;

15. Пост-Ковид центри за пациенти коишто прележале Ковид-19;

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: СДС и ДУИ ја блокираа државата на патот кон ЕУ, ветуваа членство, а добивме кочници

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која се бори за опстанок, Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ од свои лукративни причини го уништи и колабира Скопје

(ВИДЕО) Петрушевски: ДУИ сами прифатија укинување на балансерот, заради нив државата ја напуштија стотина илјади граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ секојдневно глуми жртва пред граѓаните

СДСМ: Скандали го тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

Горан Наумовски