Притвор за дилер на кокаин од тетовско Доброште

Од:

На предлог на Обвинителството по спроведена истражна постапка, Основниот суд Тетово му одреди 30 дена притвор на 33-годишен жител на село Доброште, осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, кај осомничениот на 6 јули 2021 при извршен претрес овластени службени лица пронашле 4,71 грама кокаин. Дрогата била спакувана во 13 мали полиетиленски пакувања, ставени во пластична кутија и подготвени за продажба.

-Осомничениот бил пресретнат од полицаските службеници пред неговиот дом, се обидел да ја фрли пластичната кутија со дрогата во неа, но бил совладан, а дрогата е одземена со потврда за привремено одземени предмети, соопшти Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Притвори за дилери на дрога во Тетово и во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

30 дена притвор за дилер од Гевгелија

Горан Наумовски

Обвинителството ги испитува причините за несреќата во Кавадарци каде две лица го загубија животот

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Извештајот на Темелко Ристевски мора да е основа за истрага на ЈО за партизација и злоупотреба на буџет во партиски цели

Во Битола приведени дилери на дрога од Прилеп