60-годишник се самозадоволувал пред деца, Обвинителството бара притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Задоволување на полови страсти пред друг“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“, во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.

– Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над четири години затвор, оцени надлежниот јавен обвинител, наведуваат од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги испитува причините за несреќата во Кавадарци каде две лица го загубија животот

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Извештајот на Темелко Ристевски мора да е основа за истрага на ЈО за партизација и злоупотреба на буџет во партиски цели

Велешанец со пушка шетал по улица, доби 30 дена притвор

Четворица осомничени за тешки кражби во прилепско

Битолчанец осомничен за фалсификување пари

Катерина Ѓуровски

Притвор за дилер на кокаин од тетовско Доброште