Пак се разгорува епидемијата во Грција – денеска најмногу нови случаи во последните пет недели

Од:

Втор ден по ред, во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.820 новозаразени, од кои повторно најголемиот дел се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, додека девет лица починале.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 1.061 случај е во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики итн.

Од новите случаи 21 е „увезен“, од кои шест биле откриени на влезните точки во земјата.

Вчера, беа соопштени 1.797 нови случаи на Ковид-19, од вкупно 66.464 тестови, а денешните 1.820 заразени се од 59.903 тестирања (13.578 рапид и 46.325 ПЦР).

Последен пат, над 1.800 новозаразени во Грција имаше на 1 јуни.

Од почетокот на пандемијата во земјата, од Ковид-19 починаа 12.763 лица, а потврдени се 430.960 позитивни случаи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски